Одделение за сметководство и плаќања
Одделението за сметководство и плаќања ги извршува надлежностите кои се однесуваат на:
- Следење и примена на законската регулатива од областа на сметководството, материјално и финансиско работење
- Секојдневно водење на благајнички работи и трезор
- Пресметка и исплата на платите на вработените
- Подготвување на завршна сметка и периодични извештаи за извршувањето на буџетот на субјектот
- Подготвување на основните финансиски извештаи (биланс на состојба, биланс на приходи и расходи, консолидиран биланс на капиталниот имот, биланс на задолжување и белешки / образложение кон финансиските извештаи)
- Сметководствено евидентирање на достасаните обврски и основните средства на субјектот
- Исплата по сметководствената документација
- Подготовка на извештаи за планирани и потрошени средства по ставки и
- Други работи што ќе бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи