Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Одделението за дијаспора, меѓународна соработка и односи со јавност ги врши надлежностите кои се однесуваат на:

  • Работите и задачите во одделението во областа на информирањето на јавноста и медиумите и транспарентноста во работењето на Општината
  • Организирање на комуникацијата со медиумите во однос на активностите на органите на Општината, јавните претпријатија и јавните служби основани од Општината
  • Координирање на давањето информации и подготвува одговори на прашањата од граѓаните и новинарите
  • Прием и координирање на доставувањето на образложени одговори на подносителите на претставките и предлозите
  • Дефинирање на содржините и информациите што се пласираат на веб-страната на општината
  • Остварување на соработка со меѓународни организации, со невладини, хуманитарни и други организации
  • Давање на предлози за иницирање или унапредување на соработката на Општината со збратимените градови, со странки и меѓународни донатори, организации и кредитори, лица привремено вработени во странство, лица со привремен престој во странство и други иселеници од дијаспората по потекло од подрачјето на општината
  • Координирање во реализацијата на соработката на општината со збратимените градови, со странски и меѓународни донатори, организации и кредитори, лица привремено вработени во странство, лица со привремен престој во странство и други иселеници од дијаспората по потекло од подрачјето на општината
  • Реализација на програмите за соработка со збратимените градови
  • Непосредна комуникација со граѓаните, прием на предлози
  • Прибирање информации од одделни сектори во општинската администрација, Советот на Општината, јавните претпријатија и другите јавни установи и служби основани од општината
  • Анализа за дневниот брифинг за Градоначалникот на општината
  • Давање на информации и подготовка на одговори на прашањата на граѓаните со другите сектори во општинската администрација
  • Други работи што ќе бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи
Back to top