Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Одделението за култура и спорт ги врши работите што се однесуваат на:

  • Соработување со јавните институции, здруженија и други непрофитни организации кои се однесуваат на реализација на различни културни програми, како и врши анализа на ефективноста на спроведените програми и проекти на овие културни ентитети
  • Следење на извршувањето на буџетот, како и на ефектите и оправданоста на индивидуални програми во областа на музиката, театарот, музејската и галериска активност, фолклорот и филмската индустрија, одделението работи на издавање на препораки и одобренија потребни за извршување на одредени културни програми
  • Реновирање на календар на настани во општина кичево на нивните веб-сајтови кои нудат детални информации за видот, времето, местото и организаторите на културните настани во кичево кој се ажурира на дневна основа
  • Подготвување програма за институционална и финансиска поддршка на културните установи и проекти од значење за општината
  • Подготвување програма за негување на фолклорот, обичаите, старите занаети и други културни вредности
  • Подготвување програма за организирање културни манифестации
  • Подговтвување програма за поттикнување на разновидни специфични форми на творештвото
  • Подготвување програма за обележување на настани и личности од значење за општина кичево со спомен обележја
  • Подготвување на одллуката за подигање, чување, заштита и користење на спомен обележја и другите прописи од надлежност на советот на општина кичево
  • Водење на регистарот на спомен обележја и доставува извод од регистарот при секој упис или промена до надлежното министерство
  • Иницирање и спроведување на постапката за основање локален музеј и библиотека
  • Подговтување програма за развој на масовниот спорт и рекреативните активности на граѓаните опфатени во програмите на спортските и спортско-рекреативните клубови во реализација на училишниот и студентскиот спортски систем, спортот за сите и особено спортско рекреативните активности на лица со посебни потреби
  • Подготвување на програма за одржување и изградба на објекти за спорт, оддржување, користење и опремување, планирање и изградба на современи спортски објекти
  • Подготвување на предлогот за утврдување на мрежата на спортксите објекти и нивно класифицирање
  • Подготвување на предлогот за определување рекреативни зони за спортување
  • Подготвување програма за поддржување на советот на спортови на општината
  • Давање стручно мислење за извештајот на сојузот на спортови на општината за исполнување на програмите и роковите утврдени со нив
  • Подготвување на предлогот на прописот на категоризација на објектите за спорт во сопственост на општината
  • Врши и други работи што ќе му бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи
Back to top