Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево се наоѓа во центарот на градот.

Објектот е пуштен во употреба на 11 октомври 1980 година и во него повеќе од 40 години се негува културното наследство, драмската уметност, музиката, фолклорот, ликовната култура, резбата, керамиката, вајарството, визуелната уметност…

Објектот  располага со театарска сала која собира околу 400 луѓе, помошни простории за непречено одвивање на подготовка на сите културни настани, библиотека, простории каде е сместен Работничкиот Универзитет „Крсте П. Мисирков“ и др.

Установата работи според однапред утврдена програма од Министерсвото за култура на Р.С.Македонија, но услужува и организации, здруженија, училишта и институции кои одржуват разновидни и многубројни други настани.

Контакт 045/221-075

Веб страна на НУЦК „Кочо Рацин“

Back to top