Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Национална установа – Музеј ,, Западна Македонија во НОБ,, – Кичево како установа од областа на културата формиран е 1973 година , а за посетителите отворен е на 11 октомври 1980 година, по повод празникот Ден на народното востание.

Музејот се наоѓа во самиот центар на Кичево, сместен во зградата која датира од 1892 година.

Постојаната музејска поставка која е сместена  на приземјето и катот на површината е околу 400м² на соодветен музеолошки приод, користејќи документи, фотографии, предмети, карти, скици и други придружни материјали – архитектонски и ликовно обликувани.

Музејот располага со следните музејски збирки: Збирка на историски предмети, збирка на археолошки предмети, збирка на етнолошки предмети, збирка на уметнички предмети, фототека, фонотека и библиотека.

Работно време / 08:00 до 16:00  

Back to top