Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Советот на Општина Кичево е претставнички орган на граѓаните кој што одлучува врз основа на утврдени надлежности согласно Закон.

Советот на Општина Кичево го сочинуваат 23 члена избрани на општи, непосредни, слободни и демократски избори.

Членовите на Советот се избираат со мандат од четири години, ги претставуваат граѓаните и во Советот одлучуваат по сопствени убедувања.

(1) Советот:

  1. Го донесува статутот на општината и други прописи;
  2. Донесува буџет на општината и годишна сметка на општината;
  3. Ја утврдува висината на сопствените извори на приходи за финансирање на општината, во рамките утврдени со закон;
  4. Основа јавни служби во рамките на надлежноста на општината и врши надзор над нивната работа;
  5. Именува членови во управните одбори на јавните служби, кои ги основа;
  6. Усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби, кои ги основала општината;
  7. Ги усвојува извештаите за извршување на буџетот и годишната сметка на општината;
  8. Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на општината;
  9. Ги усвојува извештаите за работата и годишните сметки на јавните служби, кои ги основала општината;
  10. Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на општината;
  11. Одлучува за начинот на вршење на финансиска контрола на буџетот на општината, во согласност со закон;
  12. Го избира лицето кое раководи со подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во општината, во согласност со закон;
  13. Го разгледува и усвојува годишниот извештај за јавната безбедност на подрачјето на општината, кој го доставува до министерот за внатрешни работи и народниот правобранител;
  14. Може да дава препораки на раководното лице на подрачната единица на Министерството за внатрешни работи од областа на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот; и
  15. Врши и други работи утврдени со закон.

(2) Доколку советот не ги усвои извештаите од ставот (1) точките (7) и (9) на овој член, може да покрене постапка за вршење на контрола над материјалното и финансиско работење пред надлежниот орган за надзор.

(3) Раководното лице од ставот (1) точка 12 на овој член е избрано ако за него гласале мнозинство од сите совети на општините, кои ги опфаќа подрачната единица на Министерството за внатрешни работи.

Back to top