Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Одделението за нормативно – правни, административни и општи работи ги извршува надлежностите кои се однесуваат на:

  • Следење на законите и другите прописи од областа на локалната самоуправа и изготвување на мислења во врска со нацрт – закони и подзаконски акти од областа на локалната самоуправа
  • Во рамките на својата надлежност ќе извршува работи од надлежност на општината во канцелариите лоцирани во Вранештица, Другово, Зајас и Осломеј
  • Подготвување на прописи и акти што ги донесуваат органите на општината
  • Изготвување на одлуки и други општи акти што не се во надлежност на другите сектори на општинската администрација
  • Давање на мислења за усогласеноста на општинските акти со законите и со другите републички прописи
  • Давање на мислења во врска со примената на законите и на другите прописи од страна на општината
  • Изготвување на информации, анализи и други материјали за состојбите во правните работи што се вршат во општината
  • Застапување на општината пред судовите и пред другите надлежни органи и институции
  • Следење на прописите од областа на канцелариското и архивското работење
  • Водење на книга за архивски знаци и книги за архивска евиденција
  • Периодично архивирање на општинската документација според законскиот рок за нејзино чување во архивата на општината
  • Прием и заведување во деловните книги документите на општината и чување се до нивно уништување, односно предавање на Државниот архив на Република Северна Македонија
  • Предлагање и реализирање на стратегија за воведување информациски систем во општината
  • Работи на преведување и лекторирање и обезбедување устен, писмен и симултан превод за потребите на Градоначалникот на општината и општинската администрација
  • Вршење на работи од областа на цивилна заштита (во областа на заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра од воените разурнувања и елементарни непогоди и други несреќи и од последиците предизвикани од нив)
  • Грижа за возниот парк на општината
  • Курирски работи
  • Одржување на хигиената во деловните објекти на општината
  • Печатење и фотокопирање на материјали
  • Поправки и одржување на деловните објекти на општината и
  • Други работи што ќе бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи
Back to top