Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Одделениeто за урбанизам и просторно планирање ги извршува надлежностите кои се однесуваат на:

  • Предлагање и реализирање на програмата за уредување на просторот во општината
  • Давање предлози и мислења во врска со постапката за донесување на урбанистички планови во општината
  • Иницијативи и предлози за донесување и за менување  урбанистички планови во општината
  • Следење и спроведување на постапката за донесување на нови урбанистички планови, урбанистички планови вон населено место и урбанистички планови за села во општината
  • Спроведување урбанистички планови и проекти
  • Работи што се поврзани со урбаното и руралното планирање во општината
  • Подготвување на информациска и документациска основа за изработка, донесување или за менување на деталните урбанистички планови во општината
  • Предлагање и утврдување на стандарди за поставување времени објекти, мебел и урбана опрема на подрачјето на општината
  • Подготвување согласности за поставување времени објекти, мебел и урбана опрема на подрачјето на општината
  • Подготвување акти, стручно-аналитички и други материјали од областа на урбанизмот и на просторното планирање
  • Изготвување и издавање извод од планска документација
  • Издавање одобренија за градење на објекти од локално значење
  • Изготвување и издавање одобренија за употреба на објекти од локално значење
  • Изготвување и издавање одобренија за адаптација на објекти од локално значење
  • Изготвување и издавање одобренија за пренамена на објекти од локално значење
  • Изготвување и издавање на протоколи
  • Утврдува правосилност на издадените управни акти и
  • Други работи што ќе бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи
Back to top