Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Одделението за локален економски развој ги извршува надлежностите кои се однесуваат на:

  • Планирање на локалниот економски развој на општината
  • Предлагање и утрвдување на развојните и структурните приоритети на општината
  • Предлагање и спроведување на мерки за поддршка на развојот на малите и средните претпријатија и претприемаштвото во општината
  • Координирање на активностите околу добивањето и насочувањето на донации за развојни цели
  • Следење на состојбата во стопанството во општината
  • Подготвување на информации од значење за локалниот економски развој
  • Предлагање на мерки за развој на земјоделството, трговијата, угостителството, занаетчиството и туризмот во општината
  • Водење евиденција на правните субјекти кои вршат стопанска дејнот на подрачје на општината
  • Спроведување на постака за регистрирање и водење на регистарот на лицата што вршат трговска дејност од мал обем, туристичка дејност од мал обем и угостителска дејност од мал обем
  • Учество во постапка за заверка на нормативите за храна
  • Работи околу основањето, финансирањето и помагањето на работата на урбаните и на месните заедници на подрачето на општината
  • Следење на работата на месната самоуправа
  • Предлагање на мерки за надминување на проблемите со кои се соочува месната самоуправа
  • Предлагање и реализирање на мерки и активности за унапредување на месната самоуправа
  • Координирање на активностите на месната самоуправа во согласност со генералните активности на општината
  • Предлагање за укинување на некои урбани или месни заедници врз основа на анализа на работењето и состојбата
  • Соработува со институциите за централната власт во врска со сите прашања од локалната самоуправа
  • Изготвување на извештаи за прашањата во врска со кои е покрената иницијатива пред Владата на РСМ и за остварените резултати од таа активност
  • Воспоставување и координирање на соработката на општината со здруженија на граѓани, фондации и со други општествени организации што дејствуваат на подрачјето на општината и надвор од неа и ја следи нивната работа
  • Предлагање на мерки за поддршка на активностите на здруженијата на граѓани, фондациите и на другите општествени организации
  • Предлагање и реализирање на мерки за учество на здруженија на граѓани, фондации и на другите општествени организации во постапките за подготвување на стратешки и развојни документи на општината и
  • Други работи што ќе бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи
Back to top