Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Одделението за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија ги извршува надлежностите кои се однесуваат на:

  • Подготвување и реализација на Програмата за Енергетска ефикасност на општината
  • Мониторинг и известување за реализација на Програмата за Енергетска ефикасност на општината
  • Подготвување на буџетите за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија на општината
  • Работи и управува со базата на податоци за општинските објекти
  • Идентификува и пристапува кон извори на финансирање на проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија
  • Изработување на Програма за енергетска ефикасност за период од пет години согласно законот
  • Ажурирање на базата на податоци за Програмата за енергетска ефикасност во сите сегменти – улично осветлување, објекти во надлежност на општината, школи, градинки, месни заедници и врши ажурирање на месечните параметри во базата на податоци
  • Континуирано следење на параметрите и ефектите од Програмата за енергетска ефикасност и подготвување на годишен извештај за реализација на програмата како обврска пред Советот на Општината
  • Стручен надзор и подготвување на извештаи и ревизии на програмите за енергетска ефикасност
  • Подготвување на нови проекти за дополнување на Програмата на годишно ниво до истекот на петгодишниот период и донесување на нова за наредните пет години
  • Изготвување на програмата за јавно осветлување и учество во нејзината реализација, одржување и реконструкција
  • Изработување на проекти од областа на јавно приватно партнерство во доменот на алтернативни и обновливи ресурси на енергии (природен гас, геотермални води, соларна енергија, енергија од ветер) со заинтересирани субјекти
  • Имплементација на Правилникот за енергетски ефикасни објекти во делот на категоризацијата на овие објекти
  • Следење на искуствата од земјите членки на ЕУ во однос на енергетската ефикасност и заштита на човековата околина и природата и нивната применливост во наши услови
  • Иницирање на проекти што ќе се предложат за поддршка од меѓународни, странски и домашни донатори и субјекти
  • Организирање и учество на општината на конкурси за проекти на домашни и странски субјекти од областа на надлежност на одделението и
  • Други работи што ќе бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи
Back to top