Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Одделението за образование, за здравство, социјална и детска заштита ги врши работите што се однесуваат на:

  • Основање, финансирање и администрирање на средни и основни училишта, во согласност со закон
  • Давање на мислења и анализа на програмите, извештаите и други акти на училиштата пред усвојувањето на советот
  • Следење на работата на училишните управни одбори и постапката за избор на директори на училиштата
  • Организирање на превоз и исхрана на учениците
  • Следење на состојбата во областите на образованието (претшколско, основно, средно)
  • Изготвување анализи, информации и извештаи за работите и состојбите во средното образование во Општина Кичево
  • Подготвување предлог за усвојување на годишната програма за работа и извештајот за реализација на годишната програма на јавните средни училишта
  • Прибирање податоци и правење анализи на предлозите на училиштата за запишување ученици во прва година средно образование
  • Подготвување предлог за запишување ученици во јавните средни училишта
  • Изготвување извештаи за реализација на уписната политика
  • Подготвување предлог за формирање паралелки со помал број ученици во јавните средни училишта
  • Устројување евиденција за опфатот на децата во средното образование и предлага мерки за подобрување на состојбите
  • Следење на состојбите за опфатот на децата со посебни потреби во системот на средно образование
  • Подготвување предлог за прекин на воспитно образовната работа во вонредните состојби
  • Покренување иницијатива за изменување и дополнување на наставните планови и програми во постојаните јавни средни училишта за задоволување на посебните потреби на Општината во согласност со потребите на пазарот на трудот
  • Иницирање активности за воннаставни активности во јавните средни училишта
  • Водење регистар на средни училишта
  • Давање стручно мислење по предлозите за основање јавни средни училишта, ученички домови и установи за образование на возрасни
  • Подготвување предлог за покренување постапка за престанување со работа на јавните средни училишта, ученички домови и установи за образование на возрасни
  • Подготвување мерки и активности за поддршка и помош на иницијативите за модернизација на училиштата и на ученичките домови
  • Преземање активности поврзани со доквалификација на возрасни лица
  • Врши и други работи што ќе му бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи
  • Следење на состојбите во областа на социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита во рамките на законските надлежности
  • Следење на функционирањето на установите и објектите во овие области
  • Овозможување социјална, здравствена заштита и заштита на децата за подрачјето на општината
  • Создавање и ажурирање база на податоци од надлежност на одделението
  • Следење на прописите и дава мислење во областа на социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита во рамките на законските надлежности
  • Предлага мерки и активности во областна на социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита во рамките на законските надлежности и
  • Други работи што ќе бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи
Back to top