Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Одделението за јавни набавки ги извршува надлежностите кои се однесуваат на:

  • Следење на законските и подзаконските прописи од областа на јавни набавки и грижење за нивна примена
  • Организирање и спроведување на постапката за јавни набавки за потребите на општината
  • Подготвување на годишен план за јавни набавки во законски предвидениот рок по видови на стоки, услуги и работи
  • Подготвување на предлог-одлука за (не)избор на најповолен понудувач или за поништување на повикот за јавни набавки
  • Подготвување на известувањето за избор на најповолен понудувач и го доставува до сите учесници во јавниот повик
  • Подготвување и објавување на огласи за јавни набавки
  • Подготвување на документација за јавни набавки во соработка со надлежните Сектори и Одделенија на општинската администрација
  • Водење на регистер на постапките за јавни набавки и доставување на податоците до Бирото за јавни набавки
  • Давање на стручна и техничка помош на Комисијата за јавни набавки
  • Подготвување на извештаи за спроведувањето на јавните набавки и
  • Други работи што ќе бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи
Back to top