Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Одделението за внатрешна ревизија ги извршува надлежностите кои се однесуваат на:

  • Внатрешна ревизија согласно закон и други прописи и со системот и процедурите за внатрешна ревизија, воспоставени од општината, согласно меѓународните стандарди за професионално работење на внатрешната ревизија, прифатени од Министерството за финансии
  • Подготвување на годишен план за внатрешна ревизија, а по одобрување од Градоначалникот на Општината обезбедува негово спроведување и следење
  • Внатрешна ревизија на регуларност, финансиски ревизии, системски, ИТ ревизии и ревизии на успешност (економичност, ефикасност и ефективност)
  • Доставување на извештаи за извршената внатрешна ревизија до Градоначалникот и до Одделението за хармонизација на внатрешната ревизија при Министерството за финансии
  • Подготвување на годишни извештаи за работењето на внатрешната ревизија
  • Оценување на значајни фактори на ризик и давање совети на Градоначалникот за намалување на факторите на ризик
  • Утврдување и оценување на економичноста, ефикасноста и ефективноста во работењето по системите за финансиско управување и контрола врз основа на анализи од работењето
  • Дава препораки за подобрување на работењето на општинската администрација
  • Следење и проверување на точноста и комплетноста на сметководствената евиденција и финансиските извештаи
  • Утврдување и оценување на усогласеноста на работењето со законите и подзаконските акти на органите на општината
  • Изготвување на стратешки план за ревизија, како и посебен план за секоја поединечна ревизија
  • Ревизија на финансиското работење на општината и единките корисници на буџетски средства и усогласува со законската регулатива
  • Ревизија на системите на контрола и други работи што ќе бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи
  • Изготвување на упатсво за работа и повелба за внатрешна ревизија
  • Информирање до раководителот на субјектот и лицето задолжено за известување за неправилности, за неправилности или сомнежи за измами или корупција, кои можат да резултираат со кривична, прекршочна или дисциплинска постапка
  • Изготвување на годишен извештај за извршените ревизии и активностите на внатрешната ревизија
  • Изготвување на план за обука на внатрешните ревизори и следење на нивна имплементација и следење, проучување и применување на законските прописи и други општи акти во областа на внатрешната ревизија и од областа на локалната самоуправа
  • Давање препораки за подобрување на работењето и работните процедури на субјектот, изготвување и донесување на стратешки и годишен план за внатрешна ревизија врз основа на објективна проценка на ризик, извршување на поединечни внатрешни ревизии согласно усвоените ревизорски планови и следење на нивното спроведување
  • Изготвување на извештаи од извршените ревизии
  • Следење на спроведување на мерките преземени од раководителот на субјектот од јавниот сектор врз основа на препораките дадени во ревизорските извештаи и
  • Други работи што ќе бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи
Back to top