Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Вкупното население во Општина Кичево според пописот од 2021 година изнесува 39669 со 13787 домаќинства и 24872 станови.

Во 2013 година кон Општина Кичево биле припоени општините: Зајас, Другово, Вранештица и Осломеј. Податокот се однесува на вкупното население во овие општини.

Население и демографски карактеристики во југозападниот плански регион

На територијата од 3.340 km ², во 286 населени места, живеат вкупно 222.064 жители, од кои 50,15 насто се мажи. Проценката за 2008 година е дека бројот на жители во Република Северна Македонија е 2.048.619, што значи дека на територијата на Југозападниот плански регион живеат 10,83 насто од вкупнато популација во државата. Меѓутоа, во поглед на разместеноста на населението во рамките на Југозападниот регион карактеристична е големата меѓуопштинска разлика, и разликата по населени места. Во три општини од регионот – Струга, Охрид и Кичево живеат 79,19 насто од вкупното население во регионот. Просечната густина на населението во државата е 81,3 жители, а во Југозападниот плански регион е 66,4 на км ².

Back to top