Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Општината е надлежна за вршење на следните работи:

  1. Урбанистичкото (урбано и рурално) планирање, издавање одобренија за градење објекти од локално значење утврдени со Закон, уредување на просторот и уредување на градежното земјиште
  2. Заштита на животната средина и природата, во смисла на преземање мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето, заштита на природата, заштита на бучавата и нејонизирачкото зрачење
  3. Планирање на локалниот економски развој, утврдување на развојните и структурните приоритети, водење на локална економска политика, поддршка на развојот на малите и средните претпријатија, развој на земјоделието и на претприемништвото на локално ниво и во тој контекст учество во воспоставување и развојот на локалната мрежа на институции и агенции и промовирање на партнерство
  4. Комуналните дејности, во смисла на снабдувањето со вода за пиење, испорака на технолошка вода, одведување и пречистувањена води, одржување на јавната чистота, собирање, транспортирање и отстапување со комуналниот цврст и технолошки отпад, уредување и организирање на јавниот локален превоз на патници, одржување на гробовите, гробиштата и давање погребални услуги, изградба одржување реконструкција и заштита на локалните патишта, улици и други инфраструктурни објекти, регулирање на режимот на сообраќајот, изградба и одржување на улична сообраќајна сигнализација, изградба и одржување на јавниот простор за паркирање, отстранување на непрописно паркирани возила, одстранување на хаварисани возила од јавните површини, изградба и одржување пазари, чистење на оџаците, одржување и користење на парковите, зеленилото, парк шумите, и рекреативните површини, регулација, одржување и користење на речните корита во урбанизирани делови, определување на имиња на улиците, плоштадите, мостовите и другите инфраструктурни објекти
  5. Културата во смисла на институционална и финансиска поддршка на културните установи и проекти, негување на фолклорот обичаите старите занаети и слични културни вредности, организирање на културни манифестации, поттикнување на разновидни специфични форми на творештвото
  6. Спортот и рекреацијата во смисла на развојот на масовен спорт и рекреативни активности, организирање на спортски приредби и манифестации, одржување и изградба на објекти за спорт како и поддршка на спортски сојузи
  7. Социјалната заштита и заштита на децата во смисла на финансирање, инвестиции, одржување и сопственост на детски градинки и домови за стари, остварување на социјална грижа за инвалидни лица, деца без родители и родителска грижа, деца со воспитно социјални проблеми, деца со посебни потреби, деца со еднородителски семејства, децата на улица, лицата изложени на социјални грижи, лицата засегнати со злоупотреба на дрога и алкохол, подигање свеста на населението, домување на лица со социјален ризик, остварување право и воспитување на децата од предучилишна возраст
  8. Образование во смисла на основање, финансирање и администрирање на основни и средни училишта, во соработка со централната власт и во согласност со законот, како и организирање со превоз и исхрана на ученици и нивно сместување во ученички домови
  9. Здравствена заштита во смисла на управување со мрежата, јавни и здравствени организации, и објекти од примарна здравствена заштита во кои општината е застапена во сите одбори на сите здравствени организации во јавна сопственост, здравствено воспитување, унапредување на здравјето, превентивни активности, заштита на здравјето на работниците и заштита при работа, здравствен надзор над животната средина, надзор над заразните болести, помош на пациенти со специјални потреби од други области определени со закон
  10. Спроведување на подготовки и преземање мерки за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра од воени разурнувања природни непогоди и други несреќи и од последици предизвикани од нив
  11. Ги уредува прашањата поврзани со одбележување на значајни настани и истакнати личности во спомен обележја, условите и постапката за подигање на спомен обележјата, субјекти одговорни за нивно подигање и заштита, чување како и врши надзор и контрола. Води регистри за обележја на своето подрачје
  12. Противпожарна заштита вршена од територијалната противпожарна единица
  13. Надзор над вршењето на работи од надлежност на Општината
  14. Други работи определени со закон
Back to top