Одделение за буџетска контрола
Одделението за буџетска контрола ги извршува надлежностите кои се однесуваат на:
- Следење и примена на законската регулатива од областа на финансиската контрола
- Контролирање на извршувањето на буџетот
- Контролирање на извршувањето на утврдените политики и оперативно управување (надзор над целокупниот процес за финансиското управување и контрола)
- Контрола на следење на реализацијата на договорите за јавни набавки и спроведува ex ante и ex post финансиска контрола
- Вршење документирана контрола на комплетноста и исправноста на целокупната документација (фактури, порачки, испратници, работни налози, приемници и др. и нивна усогласеност со Договорот за јавни набавки)
- Подготвување на записници и извештаи за извршените контроли
- Проценување на ризик на процесите на финансиското управување и контрола
- Вршење на самопроценки на одделни процеси на системот на финансиско управување и контрола, врз основа на извршена проценка на ризик и подготовка на извештај за спроведените самопроцеси
- Математичка, формална и контрола на регуларноста на сметководствената документација пред да се изврши плаќањето врз основа на изготвени листи за проверки
- Целокупна контрола на сметководствената дкоментација после извршувањето на плаќањето и
- Други работи што ќе бидат во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи