Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Општина Кичево ги известува граѓаните дека е во фаза на реализација на проектите за подобрување на патната инфраструктура и тоа: улица „Борис Кидрич„ , „Ужичка Република„ и локалниот пат што ја поврзува с. Грешница со селото Длапкиндол. За реализација на овие проекти, Општина Кичево има обезбедено финансиски средства од Светска Банка, кредит на Владата на Република Северна Македонија, додека распределени како грант за општините во РСМ од „Проект за поврзување на локални патишта„ , врз база на Одлуката на Владата на Република Северна Македонија со бр.44-1193/4 од 4.2.2020 година.

Општината известува, дека реализацијата на овие проекти е веќе влезена во 2-ра фаза на тендерот, која што се раководи од Одделението за спроведување на проекти при Министерство за транспорт и врски.

Back to top