Национална установа Центар за култура „Кочо Рацин“ – Кичево
НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево се наоѓа во центарот на градот.
Објектот е пуштен во употреба на 11 октомври 1980 година и во него повеќе од 40 години се негува културното наследство, драмската уметност, музиката, фолклорот, ликовната култура, резбата, керамиката, вајарството, визуелната уметност…
Објектот располага со театарска сала која собира околу 400 луѓе, помошни простории за непречено одвивање на подготовка на сите културни настани, библиотека, простории каде е сместен Работничкиот Универзитет „Крсте П. Мисирков“ и др.
Установата работи според однапред утврдена програма од Министерсвото за култура на Р.С.Македонија, но услужува и организации, здруженија, училишта и институции кои одржуват разновидни и многубројни други настани.
Контакт 045/221-075
Веб страна на НУЦК „Кочо Рацин“