Запознајте се со Градоначалникот

Dr.Sci. Fatmir Dehari, типичен, скромен кичевчанец за граѓаните на Кичево, неразделен дел од својот народ, човек кој претставува добрина, миротворство, стремеж, моќ, блесок на болка, алтруизам, сакање и надеж за сите. Во него сјае хуманоста, спокојството, грижата, интелектуалноста, правичноста, комуникативноста во време на мир, но и во време на тешкотии во кои се наоѓаше неговиот народ. Тој е љубезен кон сите, тој е дел од сите и во секојдневниот живот и во менаџирање на општинската институција. Тој е личност со преголема чуствителност и кон болката на другите и кон радоста, па така, едното или другото, го дели од душа со сите граѓани без никакви предрасуди и поделби на национална, верска или расна база. Тој има пријателски приод кон сите, со волја, дух и готовност да му помогне секому. Тој е траен олимпиец во мотото: „Подобро, побрзо, и се повисоко!„ Тој е гордост за минатото, сегашноста и иднината на својот народ и на другите.
Роден е на 17.09.1974 год. во село Србица – Кичево. Основното училиште го заврши во својот роден крај, а средното во градот Елбасан, Република Албанија. Факултетот го заврши на Унивезитетот во Приштина во 1998 година. После дипломирањето, работи како професор во гимназијата ” Џевдет Дода ” во Приштина, а во 2001 премина како асистент во Приштинскиот и Тетовскиот Универзитет. Истата 2001 година се приклучува во ОНА (UÇK) и достигнува до називот Висок воин офицер на штабот од ОНА (UÇK).
После завршувањето на војната во Македонија и прогласувањето на примирјето, во 2002-2006 година е назначен заменик министер за внатрешни работи. Во 2008 работи и како директор на ПТТ-Подрачна единица во Кичево. На локалните избори во 2009 е избран за градоначалник на тогашната општина Осломеј.
Во 2011 магистрира, а после тоа во 2015 докторира на Универзитетот во Тирана, на Факултетот за социјални науки – Департмент на социјални работи и политики и се стекна со звање Доктор по социјални работи. Предава на Државниот Универзитет во Тетово.
Има течно познавање на француски, англиски, српско-хрватски и македонски јазик.
Тој е оженет и татко на три деца.