Територијална противпожарна единица
Територијална противпожарна единица ги извршува надлежностите кои се однесуваат на:
- Гаснење на пожари на подрачјето на Оштината, односно подрачјето што го покрива
- Отстранување на непосредната опасност за настанување на пожар
- Спасување на животот на граѓаните и заштита на имотот загорзен од пожари и експлозии
- Укажување на техничка помош при опасни ситуации
- Извршување на други работи при несреќи и непогоди
- Врши непрофитабилни услуги заради подобрување на техничката опременост и услови за работа, кои не го оневозможуваат или попречуваат вршењето на функцијата од претходните алинеи на овој став
- Заедно со територијалните противпожарни единици на општините во РСМ утврдени со закон, дејствуваат како противпожарни единици на РСМ заради оперативно делување при гаснење големи пожари на целата територија на РСМ
- Давање помош кога тоа е побарано при гаснење пожари во други држави
- Водење посебна евиденција за настанатите пожари, експлозии, интервенции за гаснење и интервенции за други настани според единствена метологогија и известување на Дирекцијата за заштита и спасување и Општина Кичево
- Периодично испитување и проверка на исправноста на противпожарната опрема со која располага Територијалната противпожарна единица
- Тековна поправка и одржување на механиката
- Давање противпожарно обезбедување на објекти, делегации, јавни собири, спортски и други манифестации, во координација со Министерството за внатрешни работи
- Соработува со општините чии подрачја ги покрива, едукација на граѓаните за заштита од пожари, преку организација на предавања, преку медиуми и организирање други активности
- Други работи што ќе бидат доверени во надлежност согласно законите и другите прописи