Одделениe за урбанизам и просторно планирање
Одделениeто за урбанизам и просторно планирање ги извршува надлежностите кои се однесуваат на:
- Предлагање и реализирање на програмата за уредување на просторот во општината
- Давање предлози и мислења во врска со постапката за донесување на урбанистички планови во општината
- Иницијативи и предлози за донесување и за менување урбанистички планови во општината
- Следење и спроведување на постапката за донесување на нови урбанистички планови, урбанистички планови вон населено место и урбанистички планови за села во општината
- Спроведување урбанистички планови и проекти
- Работи што се поврзани со урбаното и руралното планирање во општината
- Подготвување на информациска и документациска основа за изработка, донесување или за менување на деталните урбанистички планови во општината
- Предлагање и утврдување на стандарди за поставување времени објекти, мебел и урбана опрема на подрачјето на општината
- Подготвување согласности за поставување времени објекти, мебел и урбана опрема на подрачјето на општината
- Подготвување акти, стручно-аналитички и други материјали од областа на урбанизмот и на просторното планирање
- Изготвување и издавање извод од планска документација
- Издавање одобренија за градење на објекти од локално значење
- Изготвување и издавање одобренија за употреба на објекти од локално значење
- Изготвување и издавање одобренија за адаптација на објекти од локално значење
- Изготвување и издавање одобренија за пренамена на објекти од локално значење
- Изготвување и издавање на протоколи
- Утврдува правосилност на издадените управни акти и
- Други работи што ќе бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи