Одделение за јавни набавки
Одделението за јавни набавки ги извршува надлежностите кои се однесуваат на:
- Следење на законските и подзаконските прописи од областа на јавни набавки и грижење за нивна примена
- Организирање и спроведување на постапката за јавни набавки за потребите на општината
- Подготвување на годишен план за јавни набавки во законски предвидениот рок по видови на стоки, услуги и работи
- Подготвување на предлог-одлука за (не)избор на најповолен понудувач или за поништување на повикот за јавни набавки
- Подготвување на известувањето за избор на најповолен понудувач и го доставува до сите учесници во јавниот повик
- Подготвување и објавување на огласи за јавни набавки
- Подготвување на документација за јавни набавки во соработка со надлежните Сектори и Одделенија на општинската администрација
- Водење на регистер на постапките за јавни набавки и доставување на податоците до Бирото за јавни набавки
- Давање на стручна и техничка помош на Комисијата за јавни набавки
- Подготвување на извештаи за спроведувањето на јавните набавки и
- Други работи што ќе бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи