Одделение за управување со човечки ресурси
Одделението за управување со човечки ресурси ги извршува надлежностите кои се однесуваат на:
- Следење, проучување и примена на законските прописи од областа на локалната самоуправа, работните и службеничките односи
- Подготвување на предлог-одлука за организацијата, делокругот и начинот на извршување на работите на општинската администрација, предлог-правилник за систематизација на работните места во општинската администрација, како и измените и дополнувањата на овие акти
- Ажурирање на електорнската база на податоци за вработените
- Водење на персоналните досиеја на сите вработени во општинската администрација
- Водење на евиденција за присуство на работа на вработените како и прием и обработка на податоците за боледувања, нивна контрола и доставување до Секторот за финансиски работи
- Спроведување на постапката за вработување на државните службеници и на лицата без статус на државни службеници
- Пополнување и доставување на ДС обрасците до Централниот регистар за државни службеници што го води Министерството за информатичко општество и администрација
- Координирање на процесот на оценување на државните службеници
- Координирање и подготвување на планот за користењето на годишните одмори и изготвување на решенија за годишни одмори
- Соработување со Министерството за информатичко општество и администрација во однос на сите прашања поврзани со Законот за државни службеници од областа на обуките
- Предлагање на мерки за обезбедување на оптимални услови за работа на вработените и нивно усовршување од аспект на примена на законските и подзаконските прописи од надлежност на општината
- Подготвување на годишната програма за обука на државните службеници и вработените во општинската администрација без статус на државни службеници
- Подготвување и обработување податоци во врска со човечките ресурси и обработување на документација за изработка на анализи и информации потребни за изработка на годишни планови за обуки
- Анализа на потребите од обука на државните службеници, подготвува годишна програма за обука, буџет за реализација на годишната програма за обука, курикулуми за избор на обучувачи, го координира и следи процесот на реализација на годишната програма за обука и евалуација на обуките од аспект на примена на стекнатите знаења од остварените обуки
- Подготвува полугодишен извештај за спроведени специјализирани обуки за државните службеници и го доставува до Министерството за информатичко општество и администрација во електронска и печатена форма
- Изработка на технички спецификации за избор на надворешни организации за подготвување програми за обука и нивно изведување за потребите на Комисијата за јавни набавки
- Подготвува договори за регулирање на меѓусебните права и обврски при стручно оспособување и усовршување на државниот службеник по потреба на органот
- Следење и примена на прописите од областа во која работи, соработува со другите државни службеници и помага во остварувањето на останатите надлежности од делокругот на одделението и
- Други работи што ќе бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи