Одделение за комунални дејности, инфраструктура и сообраќај
Одделението за комунални дејности, инфраструктура и сообраќај ги извршува надлежностите кои се однесуваат на:
- Реализирање на програмата за уредување на градежно земјиште на општината
- Реализирање на програмата за изградба на инфраструктурни и капитални објекти
- Подготвување предлог на среднорочна и долгорочна програма и стратегија за развој на водоснабувањето, испораката на технолошка вода, како и одведување и прочистување на отпадните води во општината
- Изградба и реконструкција на водоводна и канализациона мрежа, како и регулација и одржување на речните корита и регулационите канали на подрачјето на општината и предлагање на мерки за нејзино подобрување
- Следење и анализирање на состојбата во областа на комуналната хигиена, изградба, реконструкција и користење на паркови зеленило и гробишта на подрачјето на општината, како и одржување на реконструкција на детски и спортски игралишта, поставување на урбана опрема, информативни табли и друго, како и предлагање на програма и мерки за нивно унапредување
- Организирање дезинфекција, дезинсекција и дератизација на подрачјето на општината
- Предлагање на мерки и програми за развој на сообраќајот на подрачјето на општината, и изградба и одржување на улична сообраќајна сигнализација
- Предлагање на мерки за изградба и одржување на јавни паркиралишта
- Работи сврзани со изградба, реконструкција и одржување на јавното осветлување на сервисните и станбени улици
- Предлагање на мерки за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта, пешачки и трим патеки
- Предлагање на мерки за изградба и одржување на пазарите на подрачјето на општината
- Организирање на јавниот превоз на патници и
- Други работи што ќе бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи