Одделение за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија
Одделението за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија ги извршува надлежностите кои се однесуваат на:
- Подготвување и реализација на Програмата за Енергетска ефикасност на општината
- Мониторинг и известување за реализација на Програмата за Енергетска ефикасност на општината
- Подготвување на буџетите за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија на општината
- Работи и управува со базата на податоци за општинските објекти
- Идентификува и пристапува кон извори на финансирање на проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија
- Изработување на Програма за енергетска ефикасност за период од пет години согласно законот
- Ажурирање на базата на податоци за Програмата за енергетска ефикасност во сите сегменти – улично осветлување, објекти во надлежност на општината, школи, градинки, месни заедници и врши ажурирање на месечните параметри во базата на податоци
- Континуирано следење на параметрите и ефектите од Програмата за енергетска ефикасност и подготвување на годишен извештај за реализација на програмата како обврска пред Советот на Општината
- Стручен надзор и подготвување на извештаи и ревизии на програмите за енергетска ефикасност
- Подготвување на нови проекти за дополнување на Програмата на годишно ниво до истекот на петгодишниот период и донесување на нова за наредните пет години
- Изготвување на програмата за јавно осветлување и учество во нејзината реализација, одржување и реконструкција
- Изработување на проекти од областа на јавно приватно партнерство во доменот на алтернативни и обновливи ресурси на енергии (природен гас, геотермални води, соларна енергија, енергија од ветер) со заинтересирани субјекти
- Имплементација на Правилникот за енергетски ефикасни објекти во делот на категоризацијата на овие објекти
- Следење на искуствата од земјите членки на ЕУ во однос на енергетската ефикасност и заштита на човековата околина и природата и нивната применливост во наши услови
- Иницирање на проекти што ќе се предложат за поддршка од меѓународни, странски и домашни донатори и субјекти
- Организирање и учество на општината на конкурси за проекти на домашни и странски субјекти од областа на надлежност на одделението и
- Други работи што ќе бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи