Одделение за буџетска координација
Одделението за буџетска координација ги извршува надлежностите кои се однесуваат на:
- Подготвување на буџетот на општината и негово изменување и дополнување
- Следење на извршувањето на буџетот на општината
- Изготвување на информации и извештаи за извршувањето на буџетот на општината
- Следење и примена на законската регулатива од областа на буџетското работење
- Изготвување на годишни, квартални и месечни финансиски планови за буџетот на општината и неговите органи
- Давање на мислења по предлог на актите што ги изготвуваат другите организациони единици во општината и предлог актите на другите субјекти кои имаат или можат да имаат финансиски импликации за буџетот на општината
- Подготвување на извештаи за реализирани програми, проекти и договори
- Подготвување на извештај за активностите за воспоставување и развој на финансиското управување и контрола
- Математичка, формална и контрола на регуларноста на сметководствена документација пред да се изврши плаќањето врз основа на изготвени листи за проверка
- Целокупна контрола на сметководствената документација после извршувањето на плаќањето и
- Други работи што ќе бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи