Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Спортска сала „Јанчица“ во Кичево ќе добие сосема нов изглед. При овој зафат ќе биде поставен нов паркет на подлогата, нови столчиња на двете трибини, ќе се реновираат соблекувалните и санитарните јазли, целосно ќе биде сменет и покривот на салата, каде што ќе бидат инсталирани фотоволтаици од кои салата во голем дел од годината ќе се снабдува со електрична струја. Со овој зафат спортската сала ќе одговори на потребите и за меѓународни спортски натпревари.

Тука се одржа и боксерското првенство на Македонија во 1997 година, повеќе првенства во гимнастика и многу други спортски натпревари, како и меѓународни клупски ракометни натпревари со екипи од странство.

Back to top