Надлежности на општината
Општината е надлежна за вршење на следните работи:
- Урбанистичкото (урбано и рурално) планирање, издавање одобренија за градење објекти од локално значење утврдени со Закон, уредување на просторот и уредување на градежното земјиште
- Заштита на животната средина и природата, во смисла на преземање мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето, заштита на природата, заштита на бучавата и нејонизирачкото зрачење
- Планирање на локалниот економски развој, утврдување на развојните и структурните приоритети, водење на локална економска политика, поддршка на развојот на малите и средните претпријатија, развој на земјоделието и на претприемништвото на локално ниво и во тој контекст учество во воспоставување и развојот на локалната мрежа на институции и агенции и промовирање на партнерство
- Комуналните дејности, во смисла на снабдувањето со вода за пиење, испорака на технолошка вода, одведување и пречистувањена води, одржување на јавната чистота, собирање, транспортирање и отстапување со комуналниот цврст и технолошки отпад, уредување и организирање на јавниот локален превоз на патници, одржување на гробовите, гробиштата и давање погребални услуги, изградба одржување реконструкција и заштита на локалните патишта, улици и други инфраструктурни објекти, регулирање на режимот на сообраќајот, изградба и одржување на улична сообраќајна сигнализација, изградба и одржување на јавниот простор за паркирање, отстранување на непрописно паркирани возила, одстранување на хаварисани возила од јавните површини, изградба и одржување пазари, чистење на оџаците, одржување и користење на парковите, зеленилото, парк шумите, и рекреативните површини, регулација, одржување и користење на речните корита во урбанизирани делови, определување на имиња на улиците, плоштадите, мостовите и другите инфраструктурни објекти
- Културата во смисла на институционална и финансиска поддршка на културните установи и проекти, негување на фолклорот обичаите старите занаети и слични културни вредности, организирање на културни манифестации, поттикнување на разновидни специфични форми на творештвото
- Спортот и рекреацијата во смисла на развојот на масовен спорт и рекреативни активности, организирање на спортски приредби и манифестации, одржување и изградба на објекти за спорт како и поддршка на спортски сојузи
- Социјалната заштита и заштита на децата во смисла на финансирање, инвестиции, одржување и сопственост на детски градинки и домови за стари, остварување на социјална грижа за инвалидни лица, деца без родители и родителска грижа, деца со воспитно социјални проблеми, деца со посебни потреби, деца со еднородителски семејства, децата на улица, лицата изложени на социјални грижи, лицата засегнати со злоупотреба на дрога и алкохол, подигање свеста на населението, домување на лица со социјален ризик, остварување право и воспитување на децата од предучилишна возраст
- Образование во смисла на основање, финансирање и администрирање на основни и средни училишта, во соработка со централната власт и во согласност со законот, како и организирање со превоз и исхрана на ученици и нивно сместување во ученички домови
- Здравствена заштита во смисла на управување со мрежата, јавни и здравствени организации, и објекти од примарна здравствена заштита во кои општината е застапена во сите одбори на сите здравствени организации во јавна сопственост, здравствено воспитување, унапредување на здравјето, превентивни активности, заштита на здравјето на работниците и заштита при работа, здравствен надзор над животната средина, надзор над заразните болести, помош на пациенти со специјални потреби од други области определени со закон
- Спроведување на подготовки и преземање мерки за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра од воени разурнувања природни непогоди и други несреќи и од последици предизвикани од нив
- Ги уредува прашањата поврзани со одбележување на значајни настани и истакнати личности во спомен обележја, условите и постапката за подигање на спомен обележјата, субјекти одговорни за нивно подигање и заштита, чување како и врши надзор и контрола. Води регистри за обележја на своето подрачје
- Противпожарна заштита вршена од територијалната противпожарна единица
- Надзор над вршењето на работи од надлежност на Општината
- Други работи определени со закон