Реконструкија на административна зграда во Кичево
Проект: Подобрена енергетска ефикасност во ЈЗПР
Активност: Реконструкија на административна зграда во Кичево
Реконструкција на надворешната фасада со нова термо фасада од 10 цм стиропор
Замена на столаријата – 16 прозори и 16 врати
Малтерисувани сите ѕидови, таваните се спуштени со системот од кнауф табли со изолација и реновирани се подовите со нов ламинат и изолација исто така, реконструкцијата, ги опфати и тоалетите и скалите.
Вкупната инвестиција за овој зафат е 6,2 милиони денари, од кои 5,8 милиони финансирани од Бирото за регионален развој преку програмите за рамномерен регионален развој за 2023/2024 година, и 400.000 денари од буџетот на Општина Кичево.