Одделение за нормативно – правни, административни и општи работи
Одделението за нормативно – правни, административни и општи работи ги извршува надлежностите кои се однесуваат на:
- Следење на законите и другите прописи од областа на локалната самоуправа и изготвување на мислења во врска со нацрт – закони и подзаконски акти од областа на локалната самоуправа
- Во рамките на својата надлежност ќе извршува работи од надлежност на општината во канцелариите лоцирани во Вранештица, Другово, Зајас и Осломеј
- Подготвување на прописи и акти што ги донесуваат органите на општината
- Изготвување на одлуки и други општи акти што не се во надлежност на другите сектори на општинската администрација
- Давање на мислења за усогласеноста на општинските акти со законите и со другите републички прописи
- Давање на мислења во врска со примената на законите и на другите прописи од страна на општината
- Изготвување на информации, анализи и други материјали за состојбите во правните работи што се вршат во општината
- Застапување на општината пред судовите и пред другите надлежни органи и институции
- Следење на прописите од областа на канцелариското и архивското работење
- Водење на книга за архивски знаци и книги за архивска евиденција
- Периодично архивирање на општинската документација според законскиот рок за нејзино чување во архивата на општината
- Прием и заведување во деловните книги документите на општината и чување се до нивно уништување, односно предавање на Државниот архив на Република Северна Македонија
- Предлагање и реализирање на стратегија за воведување информациски систем во општината
- Работи на преведување и лекторирање и обезбедување устен, писмен и симултан превод за потребите на Градоначалникот на општината и општинската администрација
- Вршење на работи од областа на цивилна заштита (во областа на заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра од воените разурнувања и елементарни непогоди и други несреќи и од последиците предизвикани од нив)
- Грижа за возниот парк на општината
- Курирски работи
- Одржување на хигиената во деловните објекти на општината
- Печатење и фотокопирање на материјали
- Поправки и одржување на деловните објекти на општината и
- Други работи што ќе бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи