Активности – ТППЕ Кичево
Општина Кичево и Општина Македонски Брод стапуваат во МОС (меѓуопштинска соработка) на полето на превенција и заштита од кризи, преку ТТПЕ единиците за противпожарна заштита, согласно пројавените потреби и можностите кои ги нуди програмата на УНДП – Пост ковид општини – како двигатели на одржливиот развој.
Проект со наслов – Меѓуопштинска соработка за превенција и заштита од кризи, е одобрен и во фаза на реализација и од аспект на набавка на потребите на ТТПЕ единиците, како и од аспект на формално и процедурално воспоставување на МОС.
Целта на проектот е да се подобрат капацитетите на ТППЕ во справување со можностите од појава на пожари и справување со истите како и подобрување на комуникацијата, брзата дојава и ефикасноста на работата преку заедничко делување во рамки на формално воспоставено партнерство.
Директни корисници на овој проект ќе бидат ТППЕ на општините партнери во овој проект, како и Општина Пласница, чие подрачје го покрива ТППЕ – Македонски Брод.
Во рамки на Проектот се предвидуваат следниве активности:
- Воспоставување на меѓуопштинска соработка
- Набавка на техничка опрема
- Воведување на ИТ алатка за комуникација и дојава
- Спроведуување на кампања за видливост на ИТ алатката
- Изработка на план и протокол за брза реакција
Имплементацијата на Проектот завршува во декември 2023 година, а соработката ќе продолжи согласно воспоставената МОС во наредните години со надеж дека истата ќе превенира и заштити од несакани појави на пожари и друг вид на несреќи.