Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Структура

Одделение за буџетска координација
Одделение за буџетска контрола
Одделение за сметководство и плаќања
Одделение за даноци, такси, надоместоци и за други приходи на општината
Одделение за јавни набавки

Надлежности

Секторот за финансии ги врши работите што се однесуваат на:

  • Следење и примена на законите и подзаконските акти од областа на буџетското и материјалното финансиско работење
  • Управување, следење и контрола на состојбата и движењето на средствата и изворите на средствата на општината утврдени со буџетот
  • Подготвување, извршување и известување за извршувањето на буџетот за општината
  • Контрола на подготвувањето и извршувањето на буџетот со изменување и дополнување на буџетот согласно програмите за работа на општината
  • Спроведување на ex-ante и ex-post финансиска контрола
  • Изготвување на финансиски план за извршување на буџетот (месечен, квартален и годишен) за општината и единките корисници на општината
  • Следење на остварувањето на приходите и извршувањето на трошоците на општината
  • Сметководствено евидентирање за извршување на буџетот
  • Подготвување на годишна сметка
  • Подготвување на годишен финансиски извештај
  • Подготвување, примање, ликвидирање и контрола на сметководствена документација
  • Пресметување и исплата на платите на вработените во општината
  • Извршување на утврдената политика во областа на утврдувањето и наплатата на даноците, таксите и другите надоместоци
  • Организирање и спроведување на постапката за јавни набавки за потребите на општината и
  • Други работи што ќе бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи
Back to top