Сектор за урбанизам и просторно планирање, локален економски развој и заштита на животната средина
Структура
Одделениe за урбанизам и просторно планирање
Одделение за локален економски развој
Одделение за заштита на животната средина
Надлежности
Секторот за урбанизам и просторно планирање, локален економски развој и заштита на животната средина ги извршува надлежностите кои се однесуваат на:
- Работи поврзани со постапките за донесување на детални урбанистички планови
- Урбанистички планови за селата во Општина Кичево
- Урбанистички планови вон населени места во општината
- Локална урбанистичка планска документација и архитектонско урбанистички проекти
- Работи што се поврзани со урбаното и руралното планирање во општината
- Уредувањето на градежното земјиште
- Уредувањето на просторот
- Издавањето изводи од детални урбанистички планови
- Издавање на урбанистички планови за село
- Урбанистички планови вон населени места и изводи од локална урбанистичка планска документација
- Одобренија за градење на објекти од локално значење
- Издавање одобренија за поставување времени објекти и урбана опрема и работи поврзани со техничкиот преглед на објектите, и други акти поврзани со употребата, одржувањето и отстранувањето на градежните објекти
- Издавање на одобренија за градење на објекти од надлежност на општината
- Издавање одобренија за употреба
- Извршување на работи и задачи од областа на бесправно изградените објекти
- Заштита на животната средина и природата, мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот и земјиштето
- Планирање на локалниот економски развој и спроведувањето на плановите од оваа област и
- Други работи што ќе бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи