Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Структура

Одделение за нормативно – правни, административни и општи работи
Одделение за работи на Советот и работните тела на Советот

Надлежности

Сектор за правни, организациони работи и јавни дејности ги извршува надлежностите кои се однесуваат на:

  • Следење на законите и другите прописи од областа на локалната самоуправа и грижа за нивна примена во Општината
  • Подготвување на прописи и акти што ги донесуваат органите на општината
  • Давање на мислење за усогласеноста на општинските акти со законите и со другите прописи
  • Застапување на општината пред судовите и пред другите надлежни органи и институции
  • Работи во врска со имот и имотно – правни работи во општината
  • Предлагање и реализирање на стратегија за воведување информациски систем во општината
  • Прием и заведување во деловните книги документите на општината и чување се до нивно уништување, односно предавање на Државниот архив на Република Северна Македонија
  • Вршење на работи од областа на цивилна заштита (во областа на заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра од воените разурнувања и елементарни непогоди и други несреќи и од последиците предизвикани од нив)
  • Стручна помош во подготвувањето и реализирањето на седниците на Советот и работните тела на Советот
  • Давање на насоки за изготвување на записници и потсетници за седниците на Советот и работните тела на Советот
  • Изготвување заклучоци, мислења, извештаи и други видови материјали за Советот и работните тела на Советот
  • Обликување и подготвување на актите на Советот за прогласување и објавување
  • Спроведување на оригиналните акти што произлегуваат од седниците на Советот
  • Основање, финансирање и администрирање на средните и основните училишта во согласоност со закон како и во други јавни служби
  • Давање на мислење и анализа на програмите, извештаите и други акти на училиштата, пред усвојувањето на Советот
  • Следење на работата на училишните управни одбори и постапката за избор на директори на училиштата
  • Организирање на превоз и исхрана на учениците
  • Институционална поддршка на културните установи и проекти
  • Изготвување на проекти и програми за организирање на културни манифаестации
  • Следење на културните манифестации во општината
  • Развој на масовниот спорт и рекреативните активности
  • Организирање на спортски активности и манифестации
  • Поддршка на спортски сојузи
  • Следење на состојбата во областите на образованието (претшколско, основно, средно), културата, спортот, здравството, социјалната заштита и заштита на децата во рамките на законските надлежности
  • Следење на прописите од овие области
  • Предлагање на мерки и активности во областите на образованието (претшколско, основно, средно) културата, спортот, здравството, социјалната заштита и заштита на децата во рамките на законските надлежности и
  • Други работи што ќе бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи
Back to top