Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Структура

Одделение за комунални дејности, инфраструктура и сообраќај
Одделение за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Надлежности

Секторот за комунални дејности, инфраструктура, сообраќај и енергетска ефикасност ги извршува надлежностите кои се однесуваат на:

  • Изградба на инфраструктурни и капитални објекти, реализирање на програмата за уредување на градежно земјиште на општината
  • Реализирање на програмата за изградба на инфраструктурни и капитални објекти
  • Работа во врска со водата за пиење, технолошка вода и со отпадната вода, јавното осветлување, одржувањето на јавната чистота, управување со отпадот, организирањето на јавниот локален превоз на патници, одржувањето на гробиштата
  • Работа во врска со изградба, одржување, реконструкција и заштита на локални патишта и на други инфраструктурни објекти
  • Регулирање на режимот на сообраќајот и одржување на уличната сообраќајна сигнализација
  • Одржување на зеленилото на јавните површини
  • Одржување и користење на јавните пазари
  • Дезинфекција, дезинсекција и дератизација
  • Изградба, одржување и користење на јавни паркиралишта
  • Одржување и користење на паркови
  • Снабдување на корисниците со природен гас и со топлинска енергија
  • Изградба, одржување и реконструкција на водоснабдителни обејкти, канализациона мрежа, електрична мрежа, пешачки и трим патеки, детски и спортски игралишта, регулација на речни корита
  • Подготвување на Програмата за Енергетска ефикасност на општината и
  • Други работи што ќе бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи
Back to top