Одделение за работи на Советот и работните тела на Советот
Одделението за работа на Советот и работните тела на Советот ги извршува надлежностите кои се однесуваат на:
- Стручни, организациони и други работи во подготвувањето и реализирање на седниците на Советот и работните тела на Советот
- Изготвување на записници и потсетници за седниците на Советот и работните тела на Советот
- Изготвува заклучоци, мислења, извештаи и други видови материјали за Советот и работните тела на Советот
- Организирање на седниците на Советот на општината
- Организирањето на работата на комисииите на Советот на општината
- Следење и проучување на законите и другите прописи за локална самоуправа и давање на сугестии, изготвување на концепти и основи (предлог) одлуки и други општи акти со кои се уредуваат прашањата од надлежност на Сектор
- Работи на преведување и лекторирање и обезбедување устен, писмен и симултан превод за потребите на Советот на општината
- Обликување и подготвување на актите на Советот за прогласување и објавување
- Спроведување на оригиналните акти што произлегуваат од седниците на Советот и
- Други работи што ќе бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи