Одделение за протокол и координација на активности на градоначалникот
Одделението за протокол и координација на активности на Градоначалникот ги врши надлежностите кои се однесуваат на:
- Координирање на активностите на Градоначалникот
- Организирање состаноци и средби на Градоначалникот со внатрешни и со надворешни лица
- Вршење технички работи за потребите на Градоначалникот
- Примање, архивирање, чување и експедитирање на документацијата за потребите на Градоначалникот
- Вршење протоколарни работи
- Организација и подготовка на белешки и записници од протоколарните и работните средби на Градоначалникот на општината
- Организација на состаноци на стручниот колегиум на раководители на сектори во општинската администрација и други државни службеници од општинската администрација
- Подготовка на материјали и информации за потребите на Градоначалникот на општината за неговите средби и состаноци
- Организација на работите поврзани со посетите на Градоначалникот во странство
- Организација, координирање и учество во изготвување на одлуки и други прописи, програми, информации и други акти и
- Други работи што ќе бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи