Одделение за образование
Одделението за образование, за здравство, социјална и детска заштита ги врши работите што се однесуваат на:
- Основање, финансирање и администрирање на средни и основни училишта, во согласност со закон
- Давање на мислења и анализа на програмите, извештаите и други акти на училиштата пред усвојувањето на советот
- Следење на работата на училишните управни одбори и постапката за избор на директори на училиштата
- Организирање на превоз и исхрана на учениците
- Следење на состојбата во областите на образованието (претшколско, основно, средно)
- Изготвување анализи, информации и извештаи за работите и состојбите во средното образование во Општина Кичево
- Подготвување предлог за усвојување на годишната програма за работа и извештајот за реализација на годишната програма на јавните средни училишта
- Прибирање податоци и правење анализи на предлозите на училиштата за запишување ученици во прва година средно образование
- Подготвување предлог за запишување ученици во јавните средни училишта
- Изготвување извештаи за реализација на уписната политика
- Подготвување предлог за формирање паралелки со помал број ученици во јавните средни училишта
- Устројување евиденција за опфатот на децата во средното образование и предлага мерки за подобрување на состојбите
- Следење на состојбите за опфатот на децата со посебни потреби во системот на средно образование
- Подготвување предлог за прекин на воспитно образовната работа во вонредните состојби
- Покренување иницијатива за изменување и дополнување на наставните планови и програми во постојаните јавни средни училишта за задоволување на посебните потреби на Општината во согласност со потребите на пазарот на трудот
- Иницирање активности за воннаставни активности во јавните средни училишта
- Водење регистар на средни училишта
- Давање стручно мислење по предлозите за основање јавни средни училишта, ученички домови и установи за образование на возрасни
- Подготвување предлог за покренување постапка за престанување со работа на јавните средни училишта, ученички домови и установи за образование на возрасни
- Подготвување мерки и активности за поддршка и помош на иницијативите за модернизација на училиштата и на ученичките домови
- Преземање активности поврзани со доквалификација на возрасни лица
- Врши и други работи што ќе му бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи
- Следење на состојбите во областа на социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита во рамките на законските надлежности
- Следење на функционирањето на установите и објектите во овие области
- Овозможување социјална, здравствена заштита и заштита на децата за подрачјето на општината
- Создавање и ажурирање база на податоци од надлежност на одделението
- Следење на прописите и дава мислење во областа на социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита во рамките на законските надлежности
- Предлага мерки и активности во областна на социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита во рамките на законските надлежности и
- Други работи што ќе бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи