Одделение за инспекциски надзор – општински инспекторат
Одделението за инспекциски надзор ги извршува надлежностите кои се однесуваат на:
- Инспекциски надзор над примената на одредбите на законите и прописите кои се однесуваат на администрирањето на приходите, комунална хигиена, заштита на животна средина, урбанизмот и просторно планирање, патниот сообрќај, патишта, угостителска и туристичка дејност, образованието, домувањето и други дејности од надлежност на општината
- Надзор над јавните претпријатија основани од општината, над правните и физички лица на кои општината им дава дозвола за вршење комунални дејности
- Составување на записник, донесување на решенија согласно законот за општа управна постапка и законот за вршење на инспекциски надзор, и поднесување на пријави до надлежните државни органи при постоење на услови за истите
- Следење на проблематиката во областите на надлежност на општината, врши анализа на состојбата, доставува извештаи и дава иницијативи и предлози за нивно решавање и
- Други работи што ќе бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи