Одделение за даноци, такси, надоместоци и за други приходи на општината
Одделението за даноци, такси, надоместоци и за други приходи на општината ги извршува надлежностите кои се однесуваат на:
- Извршување на утврдената политика во обалста на утврдувањето и наплатата на даноците, таксите и другите надоместоци
- Следење и примена на законските прописи и другите општи акти од областа на утврдувањето на изворите на приходи на општината и се грижи за нивната примена
- Следење и спроведување на организацијата и ефикасно вршење на работите на утврдување и наплата на даноците кои се изворен приход на општината, таксите и надоместоците
- Изготвување на извештаи за наплатата и распределувањето на приходите
- Евидентирање во регистрите на недвижен и подвижен имот и редовно врши усогласување на состојбата на регистарот кој го води Државниот завод за геодетски работи и за навремено доставување на податоците од регистрите до Централниот регистар на РСМ и Управата за јавни приходи
- Утврдување и евиденција на обврзниците на даноците на имот и комуналните такси
- Извршување на присилна наплата
- Идентификација и регистрација на имотот на даночните обврзници
- Ажурно и ефикасно водење на другите регистри потребни за утврдување и наплата на комуналните и други такси
- Организирање на присилната наплата на даноците, таксите и другите надоместоци
- Подготвување на извештаи, анализи и информации за остварувањето на локалните даноци, такси и надоместоци, со цел предлагање на соодветни мерки и активности
- Предлагање на акти за промена (зголемување или намалување) на стапките на локалните даноци во законски рамки
- Организирање, координирање и учество или непосредно изготвување на одлуки и други акти
- Работи што ќе бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи