Комисија за урбанизам
Комисијата за урбанизам е составена од пет члена од кои тројца се носители на овластување за изработка на урбанистички планови, а двајца се стручни лица од областа на урбанистичкото планирање и не се вработени во општинската администрација.
Комисијата за урбанизам постапува по поднесените иницијативи, ја изработува планската програма за урбанистичките планови, регулациски план на генерален урбанистички план и локална урбанистичка планска документација за потребите на општината, доставува предлог за одобрување или неприфаќање на планската програма за локална урбанистичка планска документација за потребите на правни и физички лица, дава стручно мислење за нацртот на генерален урбанистички план односно на предлогот на урбанистичките планови, дава стручно мислење за предлогот на регулациски план на генерален урбанистички план, спроведува јавна презентација и јавна анкета при одобрување на локална урбанистичко-планска документација, доставува предлог до градоначалникот на општината за одобрување на локална урбанистичко-планска документација и дава мислење за техничка исправка на урбанистички план.