Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Во текот на вчерашниот ден, во Општина Кичево престојуваше делегација од Општина Клос, Република Албанија, предводена од градоначалничката Валбона Кола

На работната средба беа разменети идеи, искуства и можности за воспоставување и продлабочување на меѓуопштинската соработка, со посебен акцент на подготовка на заеднички проект од областа на заштитата и промоцијата на културното наследство.

Планираните активности ќе бидат во корелација со новиот јавен повик во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка, чија објава се очекува во текот на месец јуни.

Општина Кичево продолжува активно да гради партнерства и регионална соработка со цел реализација на проекти кои ќе придонесат за развојот на културата, туризмот и локалниот економски развој.

Back to top