Партиципативно тело од областа на урбанизмот
Партиципативното тело од областа на урбанизмот на Општина Кичево се формира за обезбедување на инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичкото планирање.
Партиципативното тело од областа на урбанизмот на Општина Кичево ги претставува сите различни интереси и интересни групи во во локалната заедница и ги пренесува ставовите, мислењата и потребите на граѓаните и правните лица, ги следи состојбите во планирањето преку давање на иницијативи, насоки и сугестии за изготвување на плански решенија и во постапка за изработување и донесување на плановите ги разгледува планските програми и планските решенија на урбанистичките планови во нивната работна верзија.
Партиципативното тело од областа на урбанизмот на Општина Кичево има консултативна улога, а учеството на лицата членови во партиципативното тело е на доброволна основа.
За членови на Партиципативното тело од областа на урбанизмот на Општина Кичево се избираат:
– членовите на Комисија за урбанизам на Општина Кичево, назначени со Решение бр. 10-3739/1 од 22.12.2025 година од страна на Градоначалникот на Општина Кичево. Секоја измена на составот на Комисијата за урбанизам се пресликува и во составот на Партиципативното тело.
-претставник од секоја Урбана заедница и секоја Месна заедница во Општина Кичево чија територија е дел од проектниот/планскиот опфат на урбанистичкиот план кој е предмет на расправа.
-најмалку едно стручно лице вработено во правното лице што го изработува урбанистичкиот план кој е предмет на расправа.
– доброволно пријавени лица:
- Игор Дичоски – заинтересиран граѓанин
- Јован Софрониевски – заинтересиран граѓанин
- Гоце Тренески – заинтересиран граѓанин
- Игор Лазаровски – заинтересиран граѓанин
- Даниел Ѓурчиноски – заинтересиран граѓанин
- Стево Стефаноски – стручно лице од областа на урбанизмот
- Алија Зулбеароски – претставник на Регионална стопанска комора
Работата на избраните лица во Партиципативното тело од областа на урбанизмот на Општина Кичево се уредува со Деловник за работа бр. 08-1165/28 од 12.03.2026година
Мандатот на избраните членови на Партиципативното тело од областа на урбанизмот на Општина Кичево е 4 години. Учество на лицата вработени во Општина Кичево во Партиципативното тело е по службена должност, а на лицата што не се вработени во Општината учеството е на доброволна основа. За работата на Паритиципативното тело не следува надоместок.