Целосна реконструкција на патниот правец во кичевското село Козица
Денес, заедно со пратеникот во македонското собрание г-дин Ѓорѓија Сајкоски, извршивме увид во активностите за целосна реконструкција на патниот правец во кичевското село Козица.
По речиси 30 години барања на „Здружението за развој од село Козица“, конкретно од далечната 1996 година, стариот и руиниран асфалт конечно заминува во минатото, а на негово место се гради комплетно нов асфалт кој ќе овозможи побезбедно и поквалитетно секојдневие за жителите.
Како локална самоуправа продолжуваме посветено да работиме на подобрување на патната инфраструктура во секое населено место, затоа што секое село без исклучок, заслужува достоинствени услови за живот и рамномерен развој.