Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Бесплатен јавен Wi-Fi достапен во Општина Кичево

Граѓаните и посетителите од сега можат да се поврзат на бесплатен јавен Wi-Fi на следната локација:

  • Локација 1 (ВЕЌЕ АКТИВНА): Градски плоштад и Дом на култура „Кочо Рацин“.
  • Локација 2 (Наскоро): Во наредните месеци, бесплатна мрежа добива и локацијата кај Општинската гимназија!

WiFi мрежата е поставена во рамки на иницијативата WiFi4WB, финансирана од Европската Унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува од GIZ како дел од проектот EU4Digital.

Целта на иницијативата е да се овозможи бесплатен јавен интернет низ Македонија и Западен Балкан. Нашата општина е една од 500 во регионот кои ќе добијат WiFi4WB мрежа, по примерот на EU програмата WiFi4EU, која обезбеди бесплатен јавен интернет на 7.000 локации низ Европската Унија.

Сите граѓани и посетители можат да се поврзат бесплатно и да користат сигурна интернет врска.

Со оваа поддршка, општина Кичево продолжува да ги унапредува јавните услуги и да ја зајакнува дигиталната поврзаност на локалната заедница.

#WiFi4WB #EU4Digital #TeamEurope

Back to top