Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Свеченост по повод „Денот на Првиот пешадиски баталјон“

Во кичевската касарна „Чеде Филипоски – Даме“ традиционално се одржа свеченоста по повод 21 Мај – „Денот на Првиот пешадиски баталјон“.

Овој значаен датум претставува симбол на храброста, достоинството, патриотизмот и вербата во татковината, како и продолжение на славната традиција на македонската армија и нејзините припадници.

На свеченоста беа упатени искрени честитки и благодарност до локалните приватни и државни претпријатија, како и до пензионираните припадници на Армијата на Република Македонија, кои со својата посветеност и придонес оставиле траен белег во заедницата.

21 Мај останува потсетник за вредностите кои обединуваат – чест, пожртвуваност и љубов кон татковината.

Честит 21-ви Мај – „Денот на Првиот пешадиски баталјон“!

Back to top