Одржана седница на Регионалниот штаб на РЦУК Кичево
Денес во просториите на Општина Кичево, со почеток во 12:00 часот, се одржа седница на Регионалниот штаб на РЦУК Кичево. На седницата беа разгледани две клучни точки од дневниот ред.
Во рамки на првата точка беше направен осврт на состојбите од минатата година во однос на шумските пожари и пожарите на отворен простор. Присутните членови дискутираа за причините, обемот и последиците од настанатите пожари, како и за координацијата помеѓу надлежните институции при справувањето со нив.
Во втората точка од дневниот ред беа разгледани превентивните мерки и активности за претстојниот период. Беше потенцирана потребата од навремена подготовка, засилена меѓуинституционална соработка, како и подигнување на јавната свест за спречување на пожари.
Исто така, беа предложени конкретни активности за подобрување на подготвеноста на терен и ефикасноста на интервенциите.
Седницата заврши со заклучок дека превенцијата и координацијата остануваат клучни фактори за намалување на ризиците од пожари и заштита на животната средина и имотот на граѓаните.