Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Се реконструира патниот правец Црвивци – Колибари

Во текот на денешниот ден беше извршен увид во градежните активности за реконструкција на асфалтниот патен правец меѓу кичевските села Црвивци и Колибари.

Со реализацијата на овој значаен проект значително ќе се подобрат патната инфраструктура, безбедноста во сообраќајот и условите за живот на жителите од овој регион. Посветеноста кон инвестирање во развојот на секое населено место и подобрувањето на квалитетот на животот на сите граѓани останува главен приоритет.

Back to top