Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Одржана конститутивна седница на Партиципативното тело од областа на урбанизмот на Општина Кичево

Партиципативното тело од областа на урбанизмот кое го иницираше Општина Кичево во четвртокот на 28.05.2026 година, ја одржа својата прва, конститутивна седница. На оваа прва седница беа избрани вршители на должност на позициите претседател и заменик претседател.

Настанот го отвори претседателот на Комисијата за урбанизам на Општина Кичево, Ристе Лазаровски, кој им се заблагодари на избраните членови за интересот и учеството во Партиципативното тело и нагласи дека тоа значи директна помош во трансформацијата на Општината во модерна и транспарентна, по мерка на граѓаните. Основната цел на ова граѓанско тело е да се обезбеди инклузивност, партиципативност и јавност во процесите на урбанистичкото планирање во Општина Кичево.

По изборот на Јован Софрониевски за претседател и Игор Лазаровски за заменик претседател, се дискутираше на повеќе теми од областа на урбанизмот на Општина Кичево. Во позитивна атмосфера, со многу дискусија и конструктивни предлози беше затворена првата седница на ова граѓанско тело за прашања од урбанизмот.

Back to top