Со почит кон великанот: Општина Кичево ги повикува граѓаните на маршот „Цвеќе за Рацин“
Почитувани граѓани,
По повод чествувањето на ликот и делото на великанот Кочо Рацин, кое традиционално ќе се одржи на 13 јуни во Лопушник, Општина Кичево упатува апел до сите заинтересирани граѓани кои планираат да присуствуваат на настанот и да учествуваат во традиционалниот планинарски марш „Цвеќе за Рацин“, навремено да го пријават своето присуство.
Пријавувањето е потребно поради подобра организација на настанот, имајќи предвид дека за присутните ќе биде обезбеден ручек и пијалоци, со цел сите учесници и гости да бидат соодветно пречекани.
Особено ги замолуваме да се пријават граѓаните кои планираат да се упатат кон Лопушник со сопствени возила, за организаторите да имаат јасен увид во вкупниот број присутни и во начинот на пристигнување на учесниците.
Ги замолуваме граѓаните своето присуство да го пријават најдоцна до 10.06.2026, на следниот телефонски број: 075654135. – лице за контакт Михајло Петрески
Со навремена пријава ќе помогнете во прецизно утврдување на бројот на учесници и во достоинствена организација на ова традиционално чествување.
Заедно да ја продолжиме традицијата и да оддадеме почит кон големиот македонски поет, револуционер и великан, Кочо Рацин.